САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија

Претставничкиот дом на САД во среда гласаше со 262 гласови „против“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис.
Законот сега се нарекува „Закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи О. Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол.
Законот беше усвоен во Претставничкиот дом со 262 гласа „за“ и 159 „против“, при што десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот.
Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.
Законодавството се соочи со значителен отпор откако Греам и десетици други сенатори го предложија во април 2025 година. На Трамп му требаше до јули 2026 година, неколку дена пред контоверзната смртта на Греам на 11-ти јули непосредно пред враќање од Киев каде посети фабрика за дронови која речиси истовремено беше уништена, за да им дозволи на републиканските лидери во Конгресот да закажат гласање.
Законот на Греам беше усвоен во Сенатот минатиот месец со 86 „против“ гласови, со силна двопартиска поддршка, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со пратениците за да го поттикне нивното усвојување и презеде необичен чекор да го гледа раното процедурално гласање од своето место во Сенатот.
Зеленски ја повтори својата поддршка за законот во говорот оваа седмици, велејќи дека е „важно да стапи во сила“.
Демократите во Претставничкиот дом се спротивставија на законодавството, тврдејќи дека му дава на Трамп премногу нови овластувања за воведување царини, што би можел да ги искористи против сојузниците на САД. Тие веруваат дека Трамп веќе ги има потребните овластувања за воведување санкции врз Русија, но одлучил да не ги користи.
Тие, исто така, тврдат дека законот му олеснува на Трамп да избегне воведување санкции со тоа што изјавува дека нивното спроведување не е во национален интерес.
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, во говорот во средата рече дека законот има премногу правни дупки за да се обезбеди спроведување на санкциите што ѝ нанесуваат штета на Русија, а воедно го зголемува овластувањето на Трамп да воведува царини.
Некои републиканци беа загрижени за политичките последици од дополнителните царини и потенцијалното зголемување на цените за потрошувачите пред ноемвриските конгресни избори, на кои анкетите покажуваат дека партијата се соочува со тешкотии да го задржи мнозинството во Претставничкиот дом.
Поддржувачите на законот рекоа дека тој ќе испрати важна порака до Русија и светот дека Вашингтон останува посветен на Украина.
„Немате многу гласања како ова Конгресот што влијаат на глобалните, геополитички конфликти“, рече републиканскиот претставник Мајкл Мекол од Тексас, еден од главните спонзори на законот, за време на дебатата.
„Овој закон директно ќе влијае на конфликтот што ја загрозува Источна Европа и самото НАТО, и би можел да го заврши и да го донесе (рускиот претседател Владимир) Путин на преговарачката маса“, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Монтеко освои две златни медали на меѓународен натпревар во Германија
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
