САД ветија дека ќе ја заштитат територијата на НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор
САД пред Советот за безбедност на ОН потврдија дека ќе „ја заштитат секоја педа од територијата на НАТО“, по наводното руско навлегување во воздушниот простор на Полска.
-САД ги поддржуваат своите сојузници од НАТО пред овие вознемирувачки нарушувања на воздушниот простор, изјави вршителот на должноста постојан претставник на САД во Светската организација, Дороти Ши, пред 15-членото тело.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека наводното навлегување на дронови од Русија во Полска можеби било грешка.
Ши, исто така, истакна дека Русија ги засилила своите бомбардирања против Украина откако Трамп се состана со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, како дел од неговиот обид да посредува за ставање крај на војната во Украина.
-Овие дејствија, со тоа што сега се додава и нарушувањето на воздушниот простор на сојузник на САД – намерно или не – покажуваат огромно непочитување кон добронамерните напори на САД да стават крај на овој конфликт, рече Ши.
Полска во средата собори дронови во својот воздушен простор со поддршка од авиони на сојузниците од НАТО. Ова е прв случај членка на западниот воен сојуз да пука за време на војната на Русија во Украина.
Постојаниот претставник на Словенија во ОН, Самуел Жбогар, изјави пред Советот за безбедност дека „ова се агресивни и опасни дејствија, бидејќи тешко е да се замисли дека толку многу дронови прелетале толку длабоко над полска територија, без намера“.
Русија изјави дека нејзините сили ја нападнале Украина за време на навлегувањето на дроновите и дека немала намера да гаѓа цели во Полска.
-Немаше обележани цели на полска територија. Максималниот дострел на дроновите користени во овој напад не надминуваше 700 километри, што физички го прави невозможно тие да стигнат до полска територија, изјави пред Советот рускиот постојан претставник во ОН, Василиј Небензја. Тој додаде дека Москва е подготвена да разговара со Полска, „ако полската страна навистина е заинтересирана за намалување на тензиите, а не за нивно разгорување“.
МИА
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите