САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација

Воздухопловните сили на САД ги унапредуваат своите воздушни борбени спецификации и човекови вештини за следната генерација воени авиони. Со усвојувањето на програмата „ВЕНОМ-АФТ“, ќе им се овозможи на пилотите на „Ф-16“ да летаат со беспилотни летала, во двојки, и да собираат податоци со помош на вештачка интелигенција (ВИ).
Целта на проектот е да се развијат и тестираат ВИ-системи за интеграција и самоуправувачки системи во реални услови на лет, користејќи модифицирани „Ф-16“ авиони како платформи. Во овој проект, воените авиони ќе се користат за симулирање борбени мисии во коишто компјутерите делумно или целосно ја преземаат контролата над леталото, додека пилотот ја следи операцијата и интервенира по потреба.
Авионот „Ф-16“ е избран затоа што е еден од најраспространетите и најсигурни борбени авиони во американскиот арсенал, со голем број платформи достапни за модификација.
Проектот „ВЕНОМ“ е клучен чекор кон развојот на „концептот за колаборативен борбен авион“ (ЦЦА), според којшто беспилотни летала ќе работат заедно со авиони со екипаж во битките во иднина.
Главните задачи на „ВЕНОМ“ се тестирање напредни алгоритми за одлуки при случаи на борба, зголемување на соработката меѓу луѓето пилоти и самоуправувачките системи, како и собирање податоци со помош на ВИ.
Ново на Сител
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
