САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред

Американската војска соопшти дека започнала нови напади врз воени цели во Иран, 12-та ноќ по ред.
Нападите започнале во раните утрински по иранско време (23:30 часот по средноевропско време во среда), соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата „Икс“.
„Мисијата ќе продолжи дополнително да ја намалува способноста на Иран да им се заканува на цивилните морнари и трговските бродови кои минуваат низ регионалните води“, наведе CENTCOM.
Претходно синоќа американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Иран е подготвен да постигне договор.
„Секогаш кога Техеран ќе се согласи на компромис, се обидува да го промени“, рече Трамп, додавајќи дека Иран „не е подготвен, но ќе биде многу брзо“. Изјавата може да се протолкува како индиректна закана.
Трамп претходно упати и подиректно предупредување, велејќи дека САД ќе „бомбардираат и уништат“ мост или елекроцентрала во Иран секогаш кога таа земја ќе нападне брод во Ормуската Теснина. Тој преку својата платформа „Truth Social“ напиша дека цели на напади би можеле да бидат и мостови и централи во Техеран или во близина на иранскиот главен град.
Иранските медиуми објавија дека во американски ракетен напад кај граничниот премин Шаламче со Ирак биле убиени две лица, додека во друг напад биле погодени воени позиции во Бушер.
Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда соопшти дека експлозија на мина предизвикала пожар на танкер при обид да помине низ минираниот јужен коридор на Ормуската Теснина.
Во соопштението Техеран наведува дека уште два танкери што пловеле по истиот коридор го промениле курсот.
Иранската елитна воена формација тврди дека Ормус е под нејзина контрола и дека е „целосно затворен“.
Според соопштението, сите пловни објекти што планираат да поминат низ тој клучен поморски пат ќе мора пловидбата да ја координираат со иранските власти.
Ново на Сител
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
-

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
-

Барале помош среде езеро: Спасени две девојки на СУП даски во Охридското Езеро откако ветер ги однел далеку од брегот
-

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите
-

Поранешен директор на американска банка осуден на 30 години затвор за дрогирање и силување жени
