„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
На 8 јули 2026 година во 21:55 часот во СВР Тетово била пријавена наводна сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „135“ и „Саво Тасевски“ во Тетово.
Според пријавата, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.
Но, по извршените проверки, полициски службеници преку снимки од безбедносните камери од системот „Безбеден град“ утврдиле дека не се работело за вистинска сообраќајна несреќа. Четирициклот бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен, а потоа намерно превртен на тротоарот од неколку лица со цел да се прикаже како сообраќајка.
Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово, возилото било одземено и задржано за понатамошна постапка.
Околу 23:50 часот полициски службеници ги лишиле од слобода возачот Ш.А.(45) и пријавителот С.А.(44) од село Џепчиште, поради сомнение дека сториле кривично дело „осигурителна измама“.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
