Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
Добро е што сите вклучени во менаџирањето на кризата по пожарот во Кочани застанаа зад инцијативата хуманитарната помош за повредените да се акумулира на едно место и да се дистрибура согласно потребите, истакна генералниот секретар на македонскиот Црвен крст, Саит Саити на панел дискусијата „Кочани е нашиот приоритет“.
Нагласи дека од вкупно собраните средства досега се исплатени над 107,4 милиони денари, а на единствената солидарна сметка за исплата остануваат уште 49 милиони денари.
- Парите за поддршка се исплатени во шест наврати, кон три категории корисници. Едната категорија се семејствата на починатите, при што почнавме со 60 семејства, но знаете, за жал, завршивме со 63, потоа кон 116 повредени лица кои се лекуваа во странство и 71 лице кое се лекуваше во државата. Збирно, средствата кои беа исплатени на семејствата на починатите изнесуваат 52.038.593 денари. Средствата кои се исплатени кон лицата, односно семејствата на лицата кои се лекуваа во странство, се во износ од 44.163.258 денари и трансферот кон лицата кои се лекуваат во државата, разбирливо е најмал, затоа што имаше само една исплата од 11.247.000 денари. Сето тоа заедно чини 107.449.000 денари. Средствата кои сѐ уште се на сметката на Црвениот крст и не се исплатени до денес се во износ од 49.012.634 денари, истакна Саити.
Генералниот секретар на Црвен крст додаде дека исплатата на преостанатите средства ќе биде по согледувањето на резултатите од евалуацијата на повредените и нивната здравствена состојба.
Притоа, нагласи дека нема да се исплаќа иста сума линеарно, затоа што секој пациент има различна потреба и тежина на повредите, и различна прогноза за нивно лекување.
Ново на Сител
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци