Салах, најверојатно, го одигра последниот натпревар за Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави денеска дека степенот на повредата на Мохамед Салах, кој поради повреда на тетивата на левата нога предвреме го заврши саботниот натпревар против Кристал Палас, сè уште е непознат.
Ливерпул ќе ја заврши премиерлигашката сезона на 24 мај со натпревар против Брентфорд и неизвесно е дали 33-годишниот египетски фудбалер ќе биде доволно подготвен за официјално збогување на Енфилд.
„Прерано е да се даваат какви било предвидувања, но сите го знаеме Мо и знаеме колку му е тешко напуштањето на теренот. Фактот дека Мо мораше да излезе кажува нешто само по себе, но мора да почекаме и да видиме колку е сериозна ситуацијата“, рече Слот.
Одговарајќи на новинарско прашањето дали Салах бил свесен кога го напушти теренот дека тоа може да биде неговиот последен настап за клубот, Слот изрази надеж дека египетскиот напаѓач ќе се врати во составот до крајот на сезоната.
„Таа мисла ми мина низ глава бидејќи остануваат само неколку недели, но се надеваме дека повторно ќе игра за нас. Мора да ги направиме тестовите и да ја почекаме дијагнозата“, додаде Слот.
МИА
Ново на Сител
-

СПАК: Разбиена албанска меѓународна група која прошверцувала тони кокаин, парите вложувани во Албанија, запленет милионски имот
-

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП „Богородица“, 11 заплени на злато во 2026, девет кривични
-

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење - „Македонија забрзува, наша обврска“
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Силекс во Белорусија, Шкендија Тетово во Гибралтар на стартот од квалификациите од Конференциската лига
-

Папата Лав XIV го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на војната на Блискиот Исток
-

Меси: Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, па и повеќе од тоа
-

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
