Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност, биле темите во фокусот на денешните разговори во Брисел на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали со претставници на Европската комисија и Работната група на Советот на ЕУ (COELA).
- Останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди, вели Сали во изјава по средбата, што ја пренесува Министерството за европски прашања.
На средбата, посочува Сали, беше оценет досегашниот напредок и континуираната соработка со европските институции, при што беше нагласена важноста на праведен, предвидлив и на заслуги заснован процес на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
Министерот Сали исто така ја потенцираше важноста на регионалната соработка и постепената интеграција во Заедничкиот европски пазар, оценувајќи ги како клучни елементи за стабилност, економски развој и безбедност во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
