Loading Video...
Кошарка
23. April 2022 - 17:13

Само една победа на домаќините во трите средби од НБА плајофот

Во НБА плејофот, на програмата беа три дуели од првата, четвртфинална рунда по конференциите, на кои само еден заврши со победа ба домаќините.
 
Со кошот на Тре Јанг на 4,4 секунди пред крајот екипата на Атланта забежеша триумф во дуелот со Мајами со 111-110 со што ја намали предноста на „хитси“ на 2-1 во победи. 
 
До предност од 2-1 во победи стигнаа и шампионот Милвоки и најдобриот тим од регуларниот фдел на сезоната Феникс и тоа со триумфи на гостински терен. 
 
„Бакси“ славеа кај Чикаго со убедливи 30 поени разлика 111-81, додека „Санси“ се радуваа на теренот на Њу Орлеанс со 114-111. 
 
И следните натпревари меѓу овие тимови, во серијата подобар до четири победи, ќе се играат во Атланта, Чикаго и Њу Орлеанс.