Санчез: Со Шпанија не се управува од Вашингтон, Тел Авив или Москва

Шпанија нема да дозволи нејзините политики да се одлучуваат во странски престолнини, изјави премиерот Педро Санчез, нагласувајќи дека европските земји мора да ја зајакнат својата политичка, економска и технолошка независност за да ги заштитат сопствените интереси во услови на се поизразени геополитички конфронтации.
„Шпанија се управува од Шпанија, а не од Вашингтон, Тел Авив, Москва или Буенос Аирес“, нагласи Санчез на меѓународниот форум „Светот во прогрес“ што се одржа во Барселона, објави „Ел Паис“.
Шпанскиот премиер предупреди дека зајакнувањето на крајната десница претставува закана за политичките слободи и европското единство, обвинувајќи одредени политички организации дека дејствуваат под влијание на странски лидери и финансиски сили. Според него, крајно десничарските партии во неколку европски земји одржуваат врски со политички и економски центри надвор од Европа, чии интереси не се нужно во согласност со интересите на европските граѓани.
Како пример за поинаков пристап, тој ги наведе германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск, нагласувајќи дека постојат граници во политичката соработка што не треба да се преминуваат.
Шпанскиот премиер издвои три главни предизвици за иднината на Европа: војната во Украина, стратешкото соперништво меѓу САД и Кина и се пожестоката меѓународна конкуренција за енергија и други ресурси.
Според неговата проценка, конфликтите на Блискиот Исток им предизвикаа на европските економии дополнителни трошоци од приближно 100 милијарди евра, што директно влијаеше на животниот стандард на населението и на деловните операции на економијата.
МИА
Ново на Сител
-

Неизвесен е настапот на Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз
-

Зеленски изјави дека хакирањето на руската апликација за предупредување било одмазда
-

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома
-

Северна Кореја ги отфрла обвинувањата на САД за хакирање на „Бајнанс“
-

Трамп објави дека „е можен“ мировен договор со Иран
-

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите, социјалните мрежи и влијанието на вештачката интелигенција
-

Министерот Мисајловски ќе информира за покачувањето на платите во Армијата и одбраната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
