Македонија
15. December 2025 - 9:34

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела

Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела.

- Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија утрово од претпријатието.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, потенцираа дека неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласија дека претпријатието и Секторот за внатрешни работи - Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

МИА