Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови и ограничените финансиски средства се најголемите предизвици со кои се соочува Јавното обвинителство, истакна државниот јавен обвинител Ненад Савески при презентацијата на Годишниот извештај за 2025 година во Советот на јавни обвинители.
- Имам впечаток дека еден обвинител работи работа за тројца, што влијае врз темпото на постапките, но не и врз квалитетот на обвинителските одлуки - нагласи Савески.
Тој додаде дека проблемите со човечки ресурси и финансирање се повторуваат со години и директно влијаат врз ефикасноста на институцијата.
Савески потсети дека Законот за јавно обвинителство подолго време е заглавен во собраниска процедура и апелираше за негово брзо донесување, со почитување на препораките на Венецијанската комисија, особено во делот на процентот од буџетот што треба да се издвојува за обвинителството.
Во однос на актуелните случаи, конкретно за притворот на обвинетиот Дејан Јованов во „Пулс“, Савески истакна дека одлуките за гаранции и мерки за обвинети лица секогаш ги носат надлежните јавни обвинители, а сите обвинети уживаат права согласно Законот за кривична постапка.
Во врска со дилемите околу финансирањето на прославата за 35-годишнината од независноста, тој рече дека Јавното обвинителство ја анализира секоја ситуација од кривично-правен аспект и доколку се утврдат основи, ќе постапи.
- Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира и доколку најде основи, ќе постапи - додаде Савески.
Во врска со новиот правилник за избор на шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Савески оцени дека со него се втемелуваат стандарди на транспарентност – процесот станува појасен, а кандидатите добиваат можност јавно да ја презентираат својата програма и идеи.
МИА
Ново на Сител
-

ФБИ има нови информации за напаѓачот кој се обиде да изврши атентат врз Трамп
-

Сандерс и Бенон повикаа на ограничување на вештачката интелигенција
-

Канцеларија на САД за буџет: Трошоците за војната со Иран се повеќе од 38 милијарди долари
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
