Савески: Сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните, интересите на политичките партии не се мој интерес

Новиот државен јавен обвинител денеска даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите кажа дека неговата работа ќе биде согласно Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Савески се заблагодари за поддршката и коректните ставови во однос на неговата професионални аспекти.
-Тоа за мене е една голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене кои и додека ја давам оваа изјава ја работат својата работа. Нивната работа ниту почнува ниту завршува со мене. Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Го познавам обвинителскиот состав и верувам во истите и заедно со нив сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и закон постапуваме ние јавните обвинители, изјави Савески.
Тој им се заблагодари своите довчерашни колеги судиите, судиите од Основниот кривичен суд Скопје, на Владата, која го предложи и пратениците кои го поддржаа.
Новиот државен обвинител рече дека очекувал поширока поддршка, а интересите на политичките партии не се предмет на негов интерес, како што кажа „ниту вчера, ниту денес, ниту во иднина“.
Собранието вчера го избра јавниот обвинител Савески со 66 гласа „за“, двајца „против“ и осум „воздржани“.
Савески ќе биде деветти републички обвинител на Македонија од независноста во 1991 и 19-ти од 1945 година. Неговиот избор следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски.
Во согласност со Законот за Јавното обвинителство, член 63, мандатот на државниот обвинител е шест години, со право на повторен избор.
Савески, кој досега беше судија во Основниот кривичен суд - Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март. Во постапката за избор, покрај Савески, позитивно мислење од Советот на јавните обвинители добија и сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.
Ненад Савески е роден 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по правни науки - казнено право. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, каде што ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Од 2016 година е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција.
Претходно, од 2009 до 2016 година работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година бил стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Во овој суд од 2000 до 2002 година работел како судски приправник.
Од експертските и меѓународните ангажмани во биографијата на судијата Савески, наведено е дека бил експерт во ОБСЕ Македонија, експерт во Национална конвенција за ЕУ - Поглавје 23, како и експерт во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД.
Член е на работни групи за судски и законски реформи. Работел на проекти за посебни истражни мерки, притвор и за кривична постапка.
Од академската кариера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач за човекови права и кривично право.
Тој е автор и коавтор на трудови за посебни истражни мерки, слобода на изразување, клевета и навреда, конфискација на имот, право на приватност, како и на повеќе водичи и стручни публикации.
Зборува македонски, англиски, германски, српски и основен албански јазик.
МИА
Ново на Сител
-

Во амбулантата во КПУ „Идризово“ пронајдени четири пакувања со бела прашкаста материја
-

Лидерите на ЕУ го зголемуваат притисокот врз Орбан да престане да го блокира кредитот за Украина
-

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер
-

РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица
-

Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда
-

Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп
-

Голманот на Барселона Гарсија ќе биде надвор од терените неколку недели
-

Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите на КОНКАКАФ
