Македонија
7. September 2026 - 16:51

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(39) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тој, во лифт од зграда физички го нападнал Д.М.(40), двајцата од Струга, по што насилно му одзел пари и мобилен телефон.

СДСМ бара проширување на истрагата за случајот со возачот на Генереалниот секретар на Владата Игор Јанушев кој беше фатен со мито. 

На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче, врати ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, борбата против криминалот и корупцијата се зголемува.
Ова е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работат, нешто што во времето на СДС, Филипче и Заев беше мисловна именка. – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Вчера преку социјалните мрежи и Јанушев се огради од својот возач и ги повика институциите да си ја завршат работата. 

Возачот на Јанушев во петокот беше приведен со бележани пари откако претходно, граѓанин пријавил дека му барал мито од 1500 евра за да го вработи како пожарникар. Судот експресно му одреди 30 дневен притвор а Обвинителството за организиран криминал ќе го гони за примање награда за противзаконско влијание. 

Во последните нешто повеќе од 2 години, за корупција приведени се вкупно четворица директори кои ги именуваше актуелната влада како и еден началник на полицијата. Еден од нив доби 4 години затвор, двајца се на судење а на уште двајца предметот се уште им е во фаза на истрага.