Македонија
23. January 2026 - 16:32

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно

Собраниската комисија за политички систем даде зелено светло за измените на Кривичниот законик. Сепак на седницата не беа прифатени 10тината амандамни поднесени од опозицијата, со кои се бараше враќање на стариот член 353, бидејќи според нив со новиот член не е опфатена злоупотребата на службената положба од страна на министри и директори именувани од Владата.

Забелешки имаат и за јавните набавки и за конфискација на имот. За владејачката партија пак, смешно е што опозицијата поднесува амандамни за враќање на член од законот кои пред три години самите го укина

Измените кои ги носи Собранието се привремено решение кое треба да одговори на барањето на Уставниот суд кој пред една година побара да се променат спорните измени на Кривичниот законик од 2023-та. Министерот за правда очекува целосно новиот Кривичен законик да биде донесен до средна на годината.

Измените на Кривичниот законик од 2023-та со кои значително се намалија казните за злоупотреба на службената положба и донесоа застарување на голем број судски предмети, со години ги критикува и ЕУ.

Целосно нов Кривичен законик е обврска која Македонија ја превзема и со реформската агенда, но државата не го испочитува крајот рок на Унијата за негово донесување до крајот на 2025-та.