СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ остануваат на своите позиции за датумот за изборите
Нема поместување на позициите на власта и опозицијата за можниот датум за одржување на изборите и покрај новиот тридневен карантин во продолжениот викенд и константиот број на заболени од КОВИД 19. СДСМ и понатаму смета дека 21 јуни е добар датум за изборно соочување. Доколку нема договор со ВМРО-ДПМНЕ, велат секако ќе се оди на избори.
„Нема никакви пречки процесот да продолжи и изборите да бидат на 21 јуни. Токму Мицкоски се согласи за избори на 12 април. Токму ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржаа распишување на изборите , влезе во техничка влада, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури имаат и свое бројче на гласачкото ливче. Сега, Мицкоски единствено може да бира дали ќе води изборна кампања или нема да води изборна кампања , а неговата партија во секој случај ќе се најде на избирачкото ливче.“
Од ВМРО-ДПМНЕ пак,велат дека бројките за новозаболени и починати од коронавирусот покажуваат дека пандемијата не само што не стивната, туку напротив зема замав. Велат предвремени избори ќе има тогаш кога нема да биде загрозен ниту еден човечки живот и кога граѓаните ќе се чувствуваат слободни да учествуваат на изборен процес.
„ДУИ и Алијансата на Албанците кои велат дека здравјето на граѓаните ќебиде клучно за нивната одлука з аизбори се изјаснија дека без политички консензус на сите партии избори не може да има.“
Техничкиот премиер Спасовски пак, преку фејсбук порача дека здравствените институции и изборните тела веќе го дале своето мислење.
„Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста.
Државната изборна комисија информираше за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија. Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите.“
Но, извештајот на Комисијата зазаразни болести веројатно ќе треба да се дополни. По барање на членовите на ДИК денеска имало средба меѓу ДИК и Комисијата за заразни болести.
Министерот за здравство најави и дека целата заштитна опрема што ќе биде потребна за изборите нема да биде на товар на ДИК,туку од големите залихи кои ги поседува министерството.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
