Македонија
13. јуни 2025 - 16:33

СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета

СДСМ го поздравува проширувањето на истрагата за Кочани но обвинува дека се реагирало доцна. Од опозициската партија обвинуваат за уништување на докази и бараат политичка и кривична одговорност од министерот Тошковски и директорот на бирото за јавна безбедност Јанев.

Полициски извори за Сител велат дека вчерашното приведување на 13 полициски службеници е резултат токму на истрагата на внатрешната контрола на МВР која завршила пред 1 месец, а сите документи уште тогаш му биле предадени на обвинителството.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека од одговорност нема да побегне никог, без разлика на политичката припадност. На опозицијата и порачаа да не манипулира дека извршила било каков притисок за нови приведувања

Обвинителството вчера информираше дека привело 13 полициски службеници кои биле на должност на денот на пожарот.

Меѓу приведените е началникот на крим полицијата, сменоводителот и началникот на кочанската полиција, началникот за економски криминал во полициската станица во Кочани како и полицаец кој бил на смена вечерта за време на несреќата.

За нив обвинителството не бара притвор туку полесни мерки за обезбедување.