СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

На официјална државна прослава по повод 35 години независност, платена со милиони евра народни пари, Владата на Мицкоски го утна македонското знаме.
Срамота.
Не го сменија името, но успеаја да го сменат знамето.
Нова верзија на знамето за држава со политика, како што вели Мицкоски др: „Нема воз за ЕУ, има само вагон што сами си го клатиме.“
За Мицкоски и ВМРО знамето е уметничка инсталација.
Нова верзија со 12 краци.
Ова е само уште еден доказ за нивната целосна неспособност.
Имаме коњи со пет нозе, вијадукти од Босна, храмови од Белград.
За сè се користи вештачка интелигенција - затоа што природна нема.
Петта недела Гостивар е без чиста вода.
Ниту еден стручњак не излезе да каже што е проблемот. Имаме само изјави од Мицкоски, Клековски и Тошковски - без никакво покритие.
Во Скопје имаме градоначалник кој со дрон ја испитува водата од воздухот, а не може да направи ниту билборд, а камоли да го реши ѓубрето. Центарот го претворија во депонија. Градскиот сообраќај е хаос.
Патриотите со бугарски пасоши не знаат ниту како изгледа македонското знаме.
Додека Мицкоски е на екскурзија, прославата се одвива со видео што ги слави сите државотворни успеси на СДСМ.
ВМРО нема ниту еден. Секој вистински државен чекор во овие 35 години го направи СДСМ.
Граѓаните денеска гледаат како би изгледала Македонија да беше ВМРО на власт цело време - држава не би ни постоела.
Нив ги интересираат само тендери, лично богатење и луксуз.
Да се потсетиме:
Во времето на Груевски Македонија плати повеќе од 2 милијарди евра за нивната пљачка.
Мицкоски за само две години ја задолжи државата со над 2,5 милијарди евра.
Само пљачка, омраза и поделба на народот. Тоа е нивната политика.
На Илинден, наместо порака за единство - премиерот го нарекува народот „талог“. И оттогаш секојдневно продолжува истата кампања.
Уништија сè.
Немаат ниту еден вистински резултат - освен полни џебови.
Сега нека излезат и да објаснат:
• Која компанија го направи знамето?
• Кој беше задолжен за визуелниот идентитет?
• Колку народни пари се потрошени?
• Кој ќе сноси одговорност за ова понижување на државниот симбол?
Од Скопје до денес немаме одговор на овие прашања.
Безобразието е основна одлика на оваа организирана криминална група наречена ВМРО.
Од нив само срам.
И ништо друго.
СДСМ
Ново на Сител
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
-

Ставањето коцка мраз на задниот дел од вратот може да помогне во намалување на анксиозноста за неколку минути
-

Сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево, повредени три деца и една жена
-

Мицкоски: Жртвата на бранителите - трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена
