СДСМ: Просечна плата над 34.000 денари, СДСМ исполни клучно ветување една година порано
СДСМ една година порано исполни клучно ветување, дадено пред граѓаните во програмата за парламентарните избори во 2020 година, за просечна плата од над 34.000 денари до јули 2024 година.
Според најновите официјални податоци просечната плата во декември 2022 година изнесува 34.364 денари. За само една година таа е покачена за 4.421 денари или за 14,8 отсто.
Во споредба со март 2017 година, кога просечната плата изнесуваше 22.445 денари зголемувањето изнесува речиси 12.000 денари.
Минималната плата во март минатата година е зголемена на 18.000 денари, а од наредниот месец таа ќе изнесува 20.200 денари, што е предвремено остварување на уште едно ветување на СДСМ за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.
Ова е резултат на успешните мерки и политики кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ, која и во услови на голема глобална криза, ги остварува ветувањата.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
