СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија

-СДСМ изразува сериозна загриженост за катастрофалната состојба на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови, недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување, се вели во соопштението на опозициската партија.
-Оваа состојба е резултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот Таравари кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат. Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада. СДСМ бара итна реакција за набавка на неопходните лекови и зголемување на бројот на здравствен кадар на Онкологија. – се вели во соопштението на СДСМ.
Ново на Сител
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
