Македонија
4. јуни 2021 - 12:47

Се бара место повеќе за свадба во Охрид

Термините за свадби во охридско струшкиот регион се резервирани. Хотелиерите велат дека протоколите кои ги донесе комисијата за заразени болести се спроведливи, единствена забелешка е ограничениот број на гости,со оглед на тоа што кај нас традиција е да се прават свадби со околу 300 лица.

Оваа сезона за почеток е дозволено организирање на свадби само во отворениот дел на рестораните но туристичките работници се надеваат дека со подобрувањето на состојбата ќе има и нови поолеснителни правила.

Со оглед на тоа дека сите оние закажани свадби од лани се префрлени за оваа година има  а има најави и за нови свадби речиси и да нема веќе слободни термини долж ривиерата. Во двата крајезерски града ова лето  се очекува да се организираат околу 600 свадби.