Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на денот се евидентирани четири пожари кои почнале на планинските подрачја на Општина Желино. Пожари има околу селата Мерово на планината Сува Гора и околу Церово на планината Жеден, а според ЦУК сите пожари се ставени под контрола благодарение на брзата реакција и координацијата на надлежните служби.
- Во селото Церово активни се екипите на тетовските пожарникари, додека во селото Мерово интервенцијата ја изведуваат пожарникарските екипи заедно со „Национални шуми“. Состојбата продолжува внимателно да се следи од страна на Центарот за управување со кризи во соработка со институциите. Сепак, загрижува фактот што одредени поединци, со подметнување на пожари, ја загрозуваат природата, животот на граѓаните и иднината на нашите деца, истакна Мухамед Али, директор на ЦУК.
Сомневање дека станува збор за подметнати пожари изрази и градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу преку неговиот Фејсбук профил.
- Се сеќавате ли пред неколку недели, штом го отворивме булеварот во Желино, избувна пожар на планините кај Групчин и Церово. И повторно денес, штом ги информиравме граѓаните за нови проекти одеднаш нови пожари се случија истовремено. Да, многу чудно. Работиме за развој, но се чини дека некој работи за уништување, напиша Сејдиу.
Од ЦУК со апел до сите граѓани за максимална внимателност и одговорност, бидејќи секое невнимание или несовесно постапување може да има сериозни последици по луѓето и животната средина.
МИА
Ново на Сител
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче
-
Почина 54-годишен затвореник во КПУ Затвор Скопје
-
Почна кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk
-
Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови
-
Во руски напад оштетена електрана во близина на Одеса, без струја 29.000 корисници
-
Одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров
-
Си: Кина и Индија се партнери за соработка, а не соперници
-
Деветнаесетгодишно момче загина во минско поле во БиХ