Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100

Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година. Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025.
Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7% до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следнот век. Според проекциите, населението на ЕУ се очекува да расте во следните три години достигнувајќи го пикот од 453,3 милиони во 2029 година, по што ќе почне да се намалува постепено до 398,8 милиони во 2100 година.
Во последните 20 години процентот на лица над 65 години во ЕУ е зголемен од 17% во 2005 на 22% во 2025 година.
Податоците на Евростат за Северна Македонија покажуваат дека во последните три години населението се намалило за 14 500 луѓе, од 1 837 114 во 2022 година, на 1 829 954 во 2023, 1 826 247 во 2024, на 1 822 612 во 2025 година.
Во ЕУ, околу 14 милиони луѓе или 3% од популацијата живеат во различна држава од земјата во која се родени.
Две третини од населението во ЕУ живее во пет земји – Германија (84 милиони), Франција (69 милиони), Италија (59 милиони), Шпанија (49 милиони) и Полска (36 милиони).
Најмалку население имаат Малта со 574 илјади луѓе или 0,1 проценти од вкупното население во ЕУ, Луксембург 682 илјади и Кипар 983 илјади жители.
Во последните 20 години вкупната популација на ЕУ е зголемена за 4 проценти од 435 во 2005 на 451 милион во 2025 година. Вкупно 19 земји имаат зголемување на популацијата, додека 8 бележат пад. Релативно најголемо зголемување на населението има Луксембург (48%), потоа следува Малта (43%) и Ирска (32%), додека најголем релативен пад на населението имаат Латвија (-17%), Бугарија (-16%), Литванија (-14%), Романија (-11%) и Хрватска (-10%).
Во апсолутни бројки најголем раст на населението имаат Франција и Шпанија, двете со по шест милиони, додека најголем пад во апсолутни бројки имаат Романија и Полска, двете со по -2 милиони и Бугарија со пад од 1 милион жители.
Помеѓу 2025 и 2100 година, се очекува процентот на деца, млади луѓе и лица на работоспособна возраст во вкупното население на ЕУ да се намали. Се предвидува дека процентот на деца и млади луѓе (на возраст од 0-19 години) ќе се намали од 20% на 17%, додека процентот на лица на работоспособна возраст (на возраст од 20-64 години) ќе се намали од 58% на 50% до 2100 година. Спротивно на тоа, се предвидува дека процентот на постари возрасни групи (65 години и повеќе) ќе се зголеми. Се предвидува дека процентот на лицата на возраст од 65-79 години ќе се зголеми од 16% во 2025 година на 17% во 2100 година, додека процентот на лицата на возраст од 80 години и повеќе се очекува да се зголеми за 10 процентни поени, од 6% на 16%.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
