Се намалува матноста на изворот Шум, водата во Струга и понатаму забранета за употреба

Се намалува матноста на изворот Шум, од каде што Струга и околните села се снабдуваат со вода, но параметрите од земените мостри во средата сè уште се со високо ниво на матност, покажуваат резултатите на Центарот за јавно здравје - Охрид.
Првите мостри земени од изворот Шум на 9 февруари, според д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје - Охрид, покажале 28,56 проценти матност, а мострите од 11 февруати покажуваат матност од 10,17 отсто.
- Во градот водата секаде е со висока матност, имаше хлор, но таа здравствено не е исправна додека не се намали на максимално дозволена концентрација на матност, 1,5 отсто - информира Симоноска.
Екипите на ЦЈЗ Охрид денеска повторно ќе земат мостри од изворот и докторката очекува намалување на матноста нагласувајќи дека деновиве нема активности на каменоломот, кој е во непосредна близина на изворот Шум.
- Се надевам дека матноста ќе биде намалена затоа што нема никакви активности над самото извориште. Над изворите има каменолом, каде што се вклучуваат динамити и нормално има лизгање на внатрешните слоеви од земјиштето. Од внатрешноста на земјиштето се има откачено некој слој и матноста е од тука, од тие вибрации, детонации и така натаму - појасни Симоноска.
Шум, нагласи таа, е единствениот извор што може да ја обезбеди цела општина Струга, градот и селата што се приклучени на градскиот водовод. Уште еден извор има во селото Белица, но тој е само дополнување во летната сезона.
Во Секторот за внатрешни работи Охрид, како што информира портпаролот Стефан Димоски, до овој момент немало пријава и оти случајот е во предистражна постапка.
Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата по енормното загадување на водата за пиење и за основните животни потреби.
Водата од струшкиот водовод од неделата е забранета за секаква употреба поради многу висока заматеност на изворот Шум и на сите мерни места во градот.
МИА
Ново на Сител
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
