Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија

Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување, јави Албанската радиотелевизија.
Според најновите официјални податоци од Албанското Министерство за одбрана и Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), до синоќа се регистрирани вкупно седум пожари, од кои четири остануваат активни, додека три други се под строг надзор за да се спречи повторно разгорување.
Во гаснењето на пламените јазици ангажирани се 140 војници од вооружените сили на земјата, поддржани од три хеликоптери и два специјализирани противпожарни авиона „Ер Трактор“.
Албанските власти потврдуваат дека во сите области погодени од пламените јазици, населените места и домовите се целосно надвор од опасност.
Пожарите остануваат активни во планините Дајти во близина на Тирана (Централна Албанија), во регионот Пук (Северна Албанија) и во реонот на селото Луфај, во близина на градот Бурел (Северна Албанија).
Пожарите во Националниот парк Лура во округот Дибра (Пешкопеја) на североистокот од земјата и во близина на селото Бруч во северна Албанија се целосно изгаснати.
Од средината на јули, кога почнаа зголемениот број пожари во просек дневно биле регистрирани по околу 30 пожари.
МИА
Ново на Сител
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
