Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
Одборот на Претставничкиот дом на САД кој ги истражува злосторствата на Џефри Епстајн побара предавање на нови документи, меѓу кои и книга со пораки за неговиот 50. роденден, јави Би-Би-Си.
Судскиот повик, потпишан од претседателот на Одборот Џејмс Комер, означува проширување на истрагата. „Волстрит џурнал“ минатиот месец објави дека книгата ја составила Гислејн Максвел во 2003 година и дека содржи пораки од бројни познаници, меѓу кои и наводна честитка со потпис на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја негираше автентичноста и поднесе тужба за клевета.
Од извршителите на оставината се бара да ја достават книгата до 8 септември, заедно со договори за доверливост, тестаментот на Епстајн и други документи што би можеле да се толкуваат како список на клиенти вмешани во трговија со луѓе или сексуални злосторства.
Иако Министерството за правда и ФБИ тврдат дека таков список никогаш не постоел, шпекулациите не престануваат. И самата Максвел, која издржува затворска казна, негираше дека постои.
Аферата „Епстајнови документи“ веќе недели го следи Трамп, и покрај тоа што никогаш не бил обвинет во врска со случајот.
Комер претходно упати повици и до Министерството за правда, како и до поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски на увид во градежните работи на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“
-
Гувернеркара на ФЕД поднесе тужба против Трамп
-
Во Полска се урна авион Ф-16 на проба за аеромитинг, пилотот загина
-
Мерц повеќе не верува дека ќе има средба меѓу Путин и Зеленски
-
Сончево и топло со температура до 37 степени, за викендот нестабилно со локален пороен дожд
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино