Сè што треба да знаете за изборите во ЕУ
Седум политички блока ќе се се борат за што е можно поголем број места во Европскиот Парламент. 370 милиони жители на членките на Европската Унија ќе можат да гласаат на изборите кои почнуваат оваа недела и ќе се одржат од 6 до 9 јуни во 27-те држави.
Директните избори за европски пратеници се воведени во 1979 година. Тогаш на гласање излегле 62% од гласачите, но нивниот број варира од избори до избори. На минатите избори во 2019 на гласање излегоа 50,6%, а најниска излезеност е забележана во 2014, 42,6%. Сега очекувањата се дека на претстојните избори би излегле околу 60% од граѓаните на ЕУ, а би се избрале 720 пратеници.
Тоа би било за 15 пратеници повеќе од минатите избори во 2019, но бројот на пратеници од секоја земја и различен и зависи од големината на државата:
Гермија 96, Франција 81, Италија 76, Шпанија 61, Полска 53, Романија 33, Холандија 31, Белгија 22, Грција 21, Чешка 21, Шведска 21, Португалија 21, Унгарија 21, Австрија 20, Бугарија 17, Данска 15, Финска 15, Словачка 15, Ирска 14, Хрватска 12, Литванија 11, Словенија 9, Латвија 9, Естонија 7, Луксембург 6, Малта 6, Кипар 6.
На минатите избори најголема излезеност имаше во Бугарија и Луксембург, држави во кои гласањето е задолжително и кадешто правото на глас го искориристија 90% од гласачите. Во Чешка и Словачка на пример, излезноста не стигна ниту до 30%.
Какви се очекувањата?
Според последните истражувања на јавното мислење во државите членки на ЕУ, 73% од граѓаните очекуваат нивниот личен стандард да се намали оваа година, во споредба со март минатата година. Главните теми кои граѓаните сакаат да ги слушнат е борбата против сиромаштијата, јавното здравје, поддршката за економијата, одбраната и безбедноста.
Меѓутоа, тоа е различно во секоја држава во зависност од интересите на нивните граѓани. Па така, на пример, во Португалија, Хрватска и Романија главно поле на интерес е економијата и отворањето на нови работни места. Шведска, Финска и Литванија, држави кои географски се најблиску до Русија која е во војна со Украина имаат други интереси. Нивните граѓани најмногу ги интересира безбедноста во Унијата.
Меѓународните истражувања покажуваат дека процентот на излезеност од земја во земја ќе се разликува од тоа каков интерес имаат нивните граѓани.
Подем на европската десница?
Седум политички блока влегуваат во трка. И левицата, и десницата, но и центристичките партии тежнеат кон се поголема излезеност на изборите. Затоа и мотото на кампањата е „Искористи го својот глас“.
Иако изборите се национални, политичките партии во ЕУ се здрожуваат со своите истомисленици, односно со сестринските партии, со што ги формираат т.н. блокови. Најголем е блокот Европа народна партија (ЕПП), но тука се и Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д), Да ја обновиме Европа (Обнова), Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), Идентитет и демократија (ИД), Зелениот европски слободарски совет и Европската обединета левица – Нордиска зелена левица.
ЕПП предводени од германската ЦДУ досега беше во предност поради коалицирањето со социјалдемократски партии, но и со Либералите и Зелените. Сега се отвора прашањето дали поголемо влијание може да има десницата со оглед на подемот во неколку држави, како Франција со Мари Ле Пен, Италија со Џорџа Малони и Холандија која доби коалициска влада на чело со десничарот Герт Велдерс.
Малони веќе кажа дека изборите за Европскиот Парламент се пресвртница кон ера на десницата во ЕУ. Нејзината цел е да се изгради десничарска влада во Европа, а Италија да биде таа што ќе ја направи промената.
Со кои проблеми ќе треба да се соочи идниот Европски Парламент?
Подемот на десницата кој се очекува во некои европски држави може да доведе до промена во Европскиот Парламент и начинот на кој Брисел ќе им пристапи на проблемите во наредните држави. Главно реформите во земјоделството, миграцијата, климатските промени, војната во Украина и конкуренцијата со Кина и Соединетите Американски Држави.
Земјоделците ширум Европа протестираа во почетокот на годината поради притисокот на регулативите на ЕУ, вклучувајќи ги правилата поврзани со Зелениот договор на блокот и Заедничката земјоделска политика. политика.
Војната во Украина е безбедносно прашање кое најмногу ги засега Германија, Финска и Литванија, а економските проблеми вклучително корупцијата и трошоците на живот се во фокусот на дебатата во државите како Унгарија, Ирска, Австрија, Хрватска, Белгија и Грција.
Миграцијата истот така е жешка тема за Европејците, а законодавците во ЕУ го донесоа Пактот за миграција и азил во април годинава за да се обидат да го решат ова прашање. Оваа реформа треба да донесе побрзо испитување на барањата за азил, поефективно враќање, односно депортирање и подобар одговор за време на кризи.
Климатските промени, пак, се се уште извор на поларизираност на Стариот континет. Па така, ова прашање има значително влијание во општествата во Германија и Данска на пример, додека австриската екстремна десница вети дека ќе се бори против прекумерните мерки за ублажување на климатските промени и трошоци кои тоа ги носи.
Кој ќе биде нов претседател на Европската Комисија?
Досегашната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, барем според медиумите, повторно ќе се кандидира за оваа позиција. За да добие уште еден мандат потребни ѝ се 361 глас од вкупно 720 пратеници. Очекувањата се дека ЕПП, блокот од кој таа е дел ќе освои најмногу 170 места. Тоа би значело дека ќе мора да обезбеди мнозинство со Либералите, Социјалистите и Демократите.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите