Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза со спротивставени тврдења за можни преговори и континуирани воени напади на терен. Претседателот на САД продолжува да тврди дека дека Вашингтон и Техеран водат навистина добри разговори за завршување на војната на Блискиот Исток. Тоа е причината зошто ги одложив нападите врз иранските електрани за пет дена за да дадам време за дипломатија истакна Трамп.
-Но, ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека има многу голема шанса да завршиме со договор. И затоа даваме пет дена, а потоа ќе видиме каде ќе нè однесе тоа. И би рекол дека на крајот од овој период, мислам дека би можело да заврши како многу добар договор за сите. Тие се согласија дека нема да имаат нуклеарно оружје, знаете, итн., итн. Но, ќе видиме, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Официјален Техеран, вклучително и Претседателот на парламент, Мохамед Багер Калибаф и претсавници на Револуционерната гарда ги отфлија овие тврдења како „лажни вести“ насочени кон манипулирање на финансиските и нафтените пазари. Според израелски медиуми, САД го одредиле 9-ти април како можен датум за завршување на војната со Иран.
Дека има шанса за постигнување договор со Иран, Трамп синоќа телефонски го информирал израелскиот премиер, кој пак порача дека до моментот кога тоа ке се оствари Изараел ке продолжи да го напаѓа Иран, но и Либан.
-Претседателот Трамп верува дека постои можност да се искористат моќните достигнувања постигнати од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и американската војска, со цел да се реализираат целите на војната во договор - договор што ќе ги зачува нашите витални интереси. Во исто време, ние продолжуваме да напаѓаме и во Иран и во Либан. Ја уништуваме ракетната програма и нуклеарната програма и продолжуваме сериозно да го напаѓаме Хезболах. Само пред неколку дена елиминиравме уште двајца нуклеарни научници, а има уште многу што треба да се случи. Ќе ги заштитиме нашите витални интереси во секоја ситуација.“
САД и Израел нападнаа ирански воени цели, додека Корпусот на Исламската револуционерна гарда напаѓа израелски и американски воени цели во регионот. Израелската армија спроведува и интензивни воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во јужен Либан додека израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди Либан дека ќе изгуби територја ако не го разоружа Хезболах.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
