Седмо државно првенство во атлетика за основни и средни училишта во Куманово

Околу 450 ученици од над 20 основни и 16 средни училишта, од осум градови во државава учествуваа на денешното седмо државно првенство во атлетика кое се одржа на атлетскиот полигон во Куманово, соопштија денеска од секторот за образование од општина Куманово.

Првенството го отвори Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование при општина Куманово, кој истакна дека спортските активности претставуваат стекнување на вештини и навики, кои водат кон подобрување на здравствената состојба и развој на физичката кондиција како потреба за здрав живот.

Градоначалникот Максим Димитриевски на средбата со организаторите на државното првенство потенцираше дека општина Куманово ќе продолжи да инвестира во развој на училишниот спорт, кој ќе ги задоволи интересите и потребите за спортување.

– Целта е постигнување на ефекти врз севкупниот статус кај учениците, кои ќе можат да ги покажат спортските капацитети во системот на натпреварување во училишниот спорт, информираат од секторот за образование.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
