Седници на три собраниски комисии

Во Собранието за денеска се најавени седници Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија.
На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се расправа за Предлог на закон за младински додаток и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, двата во првио читање.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на закон за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во прво читање.
Членовите на Законодавно правната комиија ќе ги разгледуваат Предлог на законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за младински додаток и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, сите во прво читање.
МИА
Ново на Сител
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
