Седум лица убиени во руски напади врз неколку украински градови

Најмалку седум лица загинаа во руските напад врз Украина во текот на ноќта, соопштуваат локалните власти.
Бројот на загинатите во Киев се искачи на три, соопшти шефот на Киевската градска воена администрација Тимур Ткаченко преку Телеграм.
„Потврдена е смртта на три лица во Киев“, наведе Ткаченко, откако претходно информираше за 29 повредени, меѓу кои и две деца, во нападите врз неколку делови од украинската престолнина.
Во два станбени блока, од кои едниот е 24-катен, а другиот деветкатен, избувнале пожари по нападите врз градот, кој бил цел и на балистички ракети, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Во градот Днипро загинале четири лица, додека најмалку 16 се повредени, од кои дел се во тешка состојба, соопшти началникот на Днипропетровската воена администрација, Олександр Хања.
„Бројот на повредените во рускиот ноќен напад врз Днипро се зголеми на 16. Овој непријателски напад однесе четири животи“, напиша Хања на Телеграм.
Според последните информации, најмалку десет лица се повредени и во Харковската област. Меѓу настраданите во рускиот напад е и 11-годишно девојче, соопшти началникот на Харковската областна воена администрација, Олег Синегубов.
Локалните власти продолжуваат со спасувачките операции и проценката на штетите предизвикани од нападите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повторно предупреди на можен голем напад и ги повика граѓаните внимателно да ги следат воздушните тревоги.
Минатата недела Русија соопшти дека планира да започне „систематски удари“ врз цели во Киев поврзани со украинската војска и центрите за одлучување, при што ги повика странските државјани да ја напуштат земјата.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
