Седум полицајци се повредени, а 416 лица се уапсени во немирите во Франција по победата на фудбалскиот клуб ПСЖ

Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз по победата на нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал.
Според тврдењата на неименуван полициски извор, една жена доживеала срцев удар и била лекувана, а друга жена е повредена со нож во близина на парискиот Плоштад на Републиката во 11-тиот арондисман, пренесува „Фигаро“.
Припадници на полицијата беа нападнати во неколку делови од француската престолнина, каде што 80 демонстранти беа лишени од слобода, а околу 20.000 луѓе се собраа на Шанзелизе со присуство на голем број припадници на безбедносните сили, потврди неименуван полициски извор и додаде дека се спречени неколку обиди за грабеж во осмиот арондисман.
Според „Фигаро“, покрај полицијата, на улиците на Париз се распоредени и членови на елитната, високомобилна единица на Републиканското безбедносно тело (CRS). Дополнително, во близина на стадионот „Паркот на принцовите“, полицијата успеа да контролира толпа од околу 1.000 навивачи, а потоа ги отстрани барикадите за велосипеди што беа поставени таму.
Во Гренобл имаше и неколку инциденти и грабежи во продавниците лоцирани во центарот на градот, а според полицијата, крадците се уапсени. Навивачки немири беа пријавени во Џеп, каде по натпреварот се слушнаа истрели од топови, а канти за ѓубре беа запалени. Во Клермон-Феран, на плоштадот Жод, во самиот центар на градот, избувнаа судири меѓу стотици млади навивачи и полицијата.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата европски шампион, бидејќи синоќа во Будимпешта во финалето на Лигата на шампионите го победија Арсенал со резултат од 4:3, а во текот на 120 минути беше 1:1.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
-

Тошковски: По 30 години во Македонија повторно имаме државно Средно полициско училиште
-

Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори
-

39 годишник пронајден починат во дворот на битолската болница
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
-

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
