Ракомет
17. December 2016 - 19:36

СЕХА: Мешков Б. – Вардар 30:35

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево ја постигнаа 12.та победа во СЕХА лигата откако на гостувањето во Белорусија ја совладаа екипата на Мешков Брест со 35:30 (19:12). „Вардарци“ победата ја најавија со добрата игра од самиот почеток на дуелот.
 
Домашната екипа на Мешков Брест водеше со еднаш 1:0, а по 2:2 Вардар направи серија од 4-0 и таа разлика воглавно ја зголемуваше и ја одржуваше без поголем проблем. Најефикасен на дуелот беше играчот на Мешков Брест, Растко Стојковиќ со 7 голови, додека кај Вардар пет играчи постигнаа по пет голови: Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Иван Чупиќ, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.
 
Вечерва од 20:30 часот и македонскиот вицепрвак Металург игра натпревар на гости кај Тартран Прешов.
 
Табела: Вардар 38 бодови, Веспрем 29, ППД загреб 28, Мешков Брест 26, Цеље 24, Нексе 12, Горење 12, Татран Прешов 10, Металург 7, Извиѓач 3.