Ракомет
13. July 2022 - 19:58

СЕХА: Вардар и Е. Пелистер ќе играат 1/4 финале со Нексе и М.Брест

Извршниот комитет на СЕХА лигата на последниот состанок донесе одлука за продолжување на регионалните натпревари за сезона 2021/22, но со прескокнување на групната фаза.
Ќе се играат директно четвртфинални натпревари директно пред стартот на  Ф4 турнирот закажан за почетокот на септември .
 
Вардар, во четвртфиналето за противник ќе го има Нексе додека Еурофарм Пелистер за противник го има Мешков Брест.  Ќе се игра по еден натпревар на кој македонските претставници се домаќини и тоа во периодот од 8 до 25 август.
Во останатите дуели : Татран Прешов – Веспрем; Војводина – Загреб