„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден

Со новото техничко решение на Министерството за внатрешни работи, системот „Безбеден град“ отсега ќе може да ги регистрира и мотоциклите при сообраќајни прекршоци.
Досега камерите ја снимаа само предната страна на возилата, што претставуваше проблем кај мотоциклите, бидејќи нивните регистарски таблички се поставени одзади. Поради тоа, нивната автоматска идентификација при прекршок не беше возможна.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека МВР поставило дополнителна опрема на избрани локации каде што постојат соодветни технички услови.
„Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина“, изјави Тошковски.
Тој посочи дека се надминати и други технички проблеми, меѓу кои поставувањето камери на критични точки и идентификацијата на возила со странски таблички, а се работи и на проширување на санкционирањето на останатите гранични премини.
Како пример го посочи преминот Табановце, каде што фреквенцијата на возила била значително поголема од првичните проценки.
„Имавме проценка дека ќе има по 5 возила на час, а имавме по 500 возила на час“, рече Тошковски, додавајќи дека се бара решение странските возачи да ги регулираат обврските без задржување на границата.
Министерот изнесе и статистика според која до 1 септември 2025 година имало 96 загинати лица во сообраќајот, додека во истиот период годинава бројката е намалена на 60 жртви. Тој подвлече дека целта на системот е неселективно санкционирање и спасување животи на патиштата.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
