Секој десетти тинејџер во Македонија пие седативи на своја рака
Диазепам за љубовни проблеми или за опуштање пред тест... Секој десетти тинејџер во Македонија пие седативи на своја рака. Повеќе лекови за смирување користат девојчињата, покажува последното истражување на Институтот за јавно здравје. Според експертите по социјална медицина загрижувачка е употребата на седативите кај младите во земјава.
-Бројот на млади на 16-годишна возраст што користеле седативи кои не се пропишани од лекар изнесува околу 11 проценти. Тоа е висок процент. Претходното истражување покажуваше дека 10 проценти од младите на 16 години користат седативи. Европскиот просек е шест проценти. На повеќето вакви апчиња им давале родителите најчесто поради намалување на стрес пред тестирање или заради жуболни проблеми, вели д-р Силвана Ончева, специјалист по социјална медицина во Институтот за јавно здравје.
Во истражувањето било опфатено и пушењето, пиењето и дрогата меѓу средношколците од 1 и 2 година. Употребата на цигари меѓу младите намалена е во последните 10 години, но загрижува фактот дека пушењето им е честа навика на голем број тинејџери
-Загрижувачки е тоа што 24 проценти пушеле цигари во текот на последниот месец, а имаме и популација од два проценти што пуши повеќе од една кутија цигари дневно, додава д-р Ончева.
Вакво истражување се спроведува на секои 4 години. Биле анкетирани 2430 млади на 15 и 16 годишна возраст од 82 училишта од цела Македонија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
