Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
Од година во година се намалува бројот на ученици во општините од истокот. Конкретно во Штип, лани во училишните клупи требало да седнат 580 првачиња, а годинава според статистиката на СВР, до 31 мај да се запишат 559 првооделенци. Но, ова е само на хартија, зашто во пракса бројот на запишани првооделенчиња е помал.
- За жал оваа бројка никогаш не се исполнува. Тоа е така од различни причини. Едноставно се случува родителите да емигрираат некаде или да отидат во друг град во Македонија или да ги запишат децата некаде во странство- изјави Снежана Санева, раководител на Сектор за образование- ЛС-Штип
Проблем кој треба да се надмине е и реонизацијата и посебно сегрегацијата, за што Еврпскиот суд за човекови права во Стразбур пред една година пресуди во корист на 30-ина ромски семејства од Штип и Битола кои поднеле тужба, бидејќи сметале дека врз нивните деца се врши сегрегација во училиштата.
- Ова прашање е болно за општината, го знаеме и проблемот со сегрегацијата што се случи. Меѓутоа, се надевам дека оваа година ќе се почитува реонизацијата комплетно и сите ученици ќе бидат запишани онаму каде што припаѓаат според реонот- додаде Санева
Законот за реонизација налага секое дете да учи во најблиското училиште до местото на живеење, но минатите години некои родители ја менуваа адресата, со цел нивното дете да учи во училиште, кое според нив, најмногу ќе му одговара.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар