„Сексот и градот“ без Саманта, но со нов, родово неутрален херој
Американската ТВ-серија „Сексот и градот“ остана без Саманта Џонс, но доби родово неутрален лик, во новите 10 епизоди од новата приказна, со наслов „И, така…“ (And Just Like That…)
Ликот од небинарен пол, со назив Че Дијаз го глуми глумицата Сара Рамирез, којашто гледачите ја помнат како д-р Кали Торес од „Вовед во анатомија“. Таа родово неутрална личност, Кери, Миранда и Шарлот ќе ја дефинираат како „тие/нив“, според новите правила во англискиот јазик.
Темата на пандемијата Ковид-19 исто така, ќе биде дел од заплетот, открива Сара Џесика Паркер, која не само што ја има главната улога, туку овојпат е и продуцентка на серијата. Што се однесува до тоа дека Ким Катрал нема повторно да биде во улогата на Саманта, се вели дека нема да има замена за фамозната хероина.
– Не бараме човек за четвртата улога – си го имаме Њујорк! Ќе има еден куп нови ликови, само што никој од нив нема да биде во улога на „замена“ за Саманта, рече Сара.
Новата серија првично ќе има 10 епизоди во траење од 30 минути.
Ново на Сител
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика напреходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
