Македонија
30. March 2026 - 16:35

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата

Зијадин Села не се откажува од Алијансата за Албанците. Откако пред 10тина дена тетовскиот суд одлучи партиските печати да му ги додели на Таравари, Села вели дека пресудата е обжалена пред Апелација од која очекува да му ја врати партијата

Свесен како што вели, дека има и многу непријатели, Села во август минатата година пред изборите рагистрирал и нова партија под името - Албанска лига, но чекори во собраието нема да превземе додека не заврши судскиот процес за Алијанса.

Правната битка за Алијанса трае веќе две години откако пред парламентарните и претседателските избори Села и Тараври ја поделија партијата на две спротивни стурктури. Во овој период тетовскиот суд донесе две пресуди со кои партиските печати му ги додели на Села, по што предметот два пати беше вратен на повторно судење. Пред 10тина дена по промена на судијата, судот во Тетово предуди во корист на Таравари.