-->
-->
Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-->
Тело на жена било извлечено од водите на реката Вардар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 11 март 2026 година околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го извадиле телото од реката, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.
Подоцна било утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје. Во меѓувреме, член од нејзиното семејство пријавил дека жената утрото по 08:00 часот излегла од дома и не се вратила.
Извршен е увид, а надлежните институции работат на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
