Кошарка
5. October 2026 - 9:17

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда

Натпреварите од второто коло во регионалната АБА лига го донесоа и првото големо изненадување (првото коло е одложено поради недоразбирањата со судиите). Кошаркарите на ФМП ја совлада Црвена Звезда со 90:89.

По лошиот старт во Евролигата „црвено-белите“ претрпеа пораз и од „вториот тим“ во дуел од регионалната лига. Популарните „пантери“ ја овој начин ја прекинаа серијата која траеше 44 натпревари без победа и по 15 години се израдуваа на победа над Црвена Звезда.

Овој триумф секако ќе биде одбележан во клупската историја.

По штрајкот на судиите првото коло од АБА лигата не се одигра и е одложено, но овој викенд продолжија натпреварите во регионалното натпреварување.

 

МИА