Македонија
10. November 2026 - 18:33

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино

- Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино. Нивниот углед се гради со семејно искуство, знаење и многу љубов кон лозовите насади.

Ова го напиша попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски откога информираше дека со претседателот на здружението „Македонски семејни винарии“ Горан Јаковлевски, како и со членовите на здружението Гоце Попов и Ѓоре Захарчев денес разговарал за нивните идни планови и за можностите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да помогне во нивното остварување.

- Зборувавме за модели за финансиска поддршка што би им ја олесниле набавката на опрема и би им овозможиле да го осовременат производството. Посебно ме охрабрува вниманието што го насочуваат кон развојот на органското лозарство, со што водат грижа и за зачувување на биодиверзитетот во лозовите насади. Во тој пристап препознавам дополнителен потенцијал за конкурентска предност на македонското вино и можност за остварување поголема вредност на странските пазари - напиша Серафимовски.

 

МИА

Ново на Сител