Серија земјотреси од над 4 степени во Турција
Земјотреси со интензитет од над 4 степени според Рихтеровата скала денеска беа регистрирани во Адјаман, Адана и Хатај, најпогодените области во Турција во разорните земјотреси од 6 февруари.
Земјотрес со интензитет од 4,4 степени е регистриран во 8 часот и 27 минути. Епицентарот на земјотресот бил во градот Челихан, а неговата длабочина била седум километри, информира Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Претходно, во 3 часот и 20 минути земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтер ја погоди Адана. Неговиот епицентар бил во градот Туфанбејли, а длабочината била седум километри.
И жителите на градот Антакија (област Хатај), кој буквално беше срамнет со земја во земјотресите од 6 февруари, изутрината ги погоди нов земјотрес со интензитет од 4 степени. Земјотресот се случил во 6 часот и 3 минути, а неговата длабочина била 7,23 километри, информира АФАД.
Во меѓувреме, Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека вкупно 45.996 лица биле сместени во привремените кампови во областите погодени од земјотресот.
Ново на Сител
-

Трамп: САД ќе интервенираат ако Иран продолжи насилно да ги потиснува мирните протести
-

Пораст на водостојот на Вардар и неколку реки, езерата со стабилно ниво
-

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило
-

Женско е првото новороденче во Струшката болница
-

Андреј Миневски својот олдтајмер го претвори во санка на Дедо Мраз и делеше пакетчиња на деца
-

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал
-

Со 53 км/час удрил во велосипед кој поминувал на пешачки, обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука
-

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувана првата жртва, 17-годишен италијанец
