Серијата „Хари Потер“ ќе се снима налето

Во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ (Harry Potter) ќе почне летото 2025 година, во студиото „Ворнер брос Ливсден“ (Warner Bros Leavesden), во Ватфорд, северозападен Лондон, Англија.
Серијата ќе има сосема нова екипа глумци, а приказната ќе остане автентична со книгите на Џ.К. Роулинг, објавија продуцентите.
„Претстојната оригинална серија на 'Ејч-би-о', '#HarryPotter' ќе се снима во студиото 'Ворнер брос Ливсден', а продукцијата ќе почне во летото 2025 година и ќе се појави на (стрим-платформата) 'Maкс'. Серијата ќе има нова екипа која ќе ја води новата генерација обожаватели, полна со фантастични детаљи, многу саканите ликови и драматични места коишто обожавателите на 'Хари Потер' ги сакаат повеќе од 25 години,“ соопшти продукциската куќа.
По повикот за кастинг, објавен во септември, 32.000 деца биле на аудиција за главните улоги, при што „тимот прегледува до 1.000 ленти дневно“, според „Ејч-би-о“.
Повикот за кастингот пропишува дека апликантите мора да бидат жители на Обединетото Кралство или Ирска, на возраст меѓу 9 и 11 години.
Инаку, последниве години, писателката Џ.К. Роулинг е обвинувана за трансфобија, за нејзините ставови за новите родови идентитети. Таа си го кажува ставот и како авторитет, според некои западни медиуми, таа сепак ќе биде дел од новиот проект.
Глумците Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, кои ги глумеа главните ликови во филмовите „Хари Потер“ од предминатото десетлетие, искажаа јавно несогласување со писателката.
Ново на Сител
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
