Loading Video...
Кошарка
15. December 2021 - 15:58

Сезонски грип причина за пандемијата во редовите на ТФТ и Академија ФМП

Нашите претставници во Балканската лига, екипите на Академија ФМП и ТФТ Скопје со многу здравствени проблеми. 
 
Откако во неделата одиграа неизвесен меѓусебен дуел во домашниот шампионат, оргомен број на кошаркари, се разболеа. Така, Академија ФМП вчерашниот дуел против бугарскиот тим Левски Софија го одигра со само шестмина играчи, од кои дури петмина имаат повишена температура. 
 
Од истата причина натпреварот меѓу ТФТ и Ибар Рожаје што требаше да се игра вечерва е доложен и презакажан за следната седмица, додека дуелот меѓу Академија ФМП и Макаби Хаива што според календарот требаше да се игра следниот вторник ќе се игра во јануари. 
 
Што се однесува до здравствениот билтен во двата табора, добрата вест е дека по направените ПЦР тестоним, нема позитивни на Ковид 19, па најверојатно станува збор за сезонски грип кој е многу активен денеовиве во целата наша земја.