Шаќири: Второто полугодие почна во сите училишта, главна цел ни е подобрување на условите за едукација
Второто полугодие од учебната 2022-2023 година вчера почна со физичко присуство во училиштата во сите општини, одложено за неколку дена согласно проценката на МОН и на Владата дека така училиштата подобро ќе се подготват за преостанатиот дел од годината.
– Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023 во сите општини и училишни објекти. Продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции. На сите ученици им посакувам успешно продолжение на образовниот процес. Многу нови знаења, вештини и лесно надминување на предизвиците на патот кон надградувањето и остварувањето на личниот потенцијал. На наставниците им посакувам успешна и креативна настава и максимална заложба и посветеност кои оние кои треба да го предводат општеството во иднина, објави министерот Јетон Шаќири на Фејсбук.
Тој ветува целосна заложба на МОН за подобрување на сите аспекти на воспитно-образовниот систем и дека главна цел останува подобрување на условите за едукација.
– Како клучни приоритети ќе ги наведам процесите за продолжување на тековните и отпочнување на низа нови инфраструктурни инвестиции во општините каде се нотирани најголеми потреби од вложувања, а во над 100 училишта во сите општини ќе се подобри ИТ-инфраструктурата и ќе се изградат пристапни рампи. Ќе продолжи испораката на веќе одобрените и набавката на нови учебници за основното и средното образование. За наставниот кадар ќе продолжи процесот на професионален развој, преку тековно спроведување на обуките предвидени во планот за 2023 година, за надградба на нивните знаења и вештини во различните подрачја, наведува Шаќири.
Ново на Сител
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
