Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на Сараевската безбедносна конференција предупреди дека Босна и Херцеговина (БиХ) се соочува со сериозни безбедносни предизвици.
– Сведоци сме на пораст на опасна реторика и политички конфликти. Постојат постојани закани со сецесија, запаливи акции и обиди да се поткопа уставниот поредок и владеењето на правото, истакна Шекеринска, според соопштението на тимот за односи со јавноста на конференцијата.
Таа оцени дека тоа се „опасни потези кои ризикуваат да го урнат тешко изборениот мир, да го забават реформскиот напредок и да ја вратат земјата во поделено минато“.
– Кому би му користело тоа? Само на оние што сакаат да ја уништат нашата слобода и сигурност преку дестабилизација. Граѓаните на БиХ тоа не го сакаат – тие сакаат функционални институции, еднакво владеење на правото, стабилни работни места и мирна иднина, нагласи таа.
Шекеринска додаде дека тоа бара политичка волја и храброст да се оди напред, дури и кога патот е тежок, истакнувајќи дека лидерите мора да изберат мир и просперитет наместо поделби и конфликти.
На Сараевската безбедносна конференција, која, како што пренесе Бета, заврши денеска, учествуваа повеќе од двесте претставници од дваесет земји – дипломати, воени претставници, експерти за меѓународна безбедност, претставници на НАТО, академици, лидери на граѓанското општество и аналитичари.
Темите опфатија критични суровини и енергетски ризици, странски влијанија во регионот, транзициска правда, иднината на трансатлантските односи, безбедносни дилеми меѓу Истокот и Западот, како и забрзан развој на нови технологии, вклучително и вештачка интелигенција и кибер закани.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
