Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
На територијата на државава денеска до 20:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, три се ставени под контрола, додека десет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни пожари се пријавени во село Радобил, општина Прилеп, каде гори ниска вегетација и шума, во село Волино, општина Охрид, со пожар на ниска вегетација и во село Корошишта, општина Струга, каде гори ниска вегетација и стрниште.
Под контрола се ставени пожари во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија (приземен пожар), и во село Кондово, општина Сарај (ниска вегетација).
Изгаснати се десет пожари на различни локации низ државата, меѓу кои езерото Треска во општина Сарај (ѓубре), селата Долгаец и Стровија во општина Долнени (мешана шума), село Дедино во општина Конче (ниска вегетација), село Грдовци во општина Кочани (ниска вегетација и ѓубриште), кругот на Полициската станица во Македонска Каменица (ниска вегетација), улица Доне Божинов во Куманово (ниска вегетација), село Оризари во Липково (ниска вегетација), село Милутинци во Ранковце (остатоци од пелети), Тетово (ѓубре), и селата Дебреште и Зубовце во општина Врапчиште (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години