-->
-->
Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-->

Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов.
Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.
- Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди, додаде д-р Настов за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
