Шпанија и Шведска во финалето на ЕП
Актуелниот европски првак Шпанија до свото трето финале во низа се избори со полуфиналната победа над светскиот првак Данска со 29-25.
Популарните „викинзи“ пак во полуфиналето беа подобри од олимпискиот шампион Франција со 34-33 и одново како и пред четири години Швеѓаните за противник во финалето ќе ја имаат Шпанија.
За двете селекции утрешното финале е можност да се изпише историја.
Шпанците ја бркаат третата во низа шампионскат круна, нешто што досега не му успеало на ниту една селекција.
Од друга страна Швеѓаните по пауза од точно 20 години ќе атакуваат на петтиот трофеј европски шампион, и доколку успеат да стигнат до него тие ќе бидат едиснтвената селекција која пет пати успевала да се искачи на европскиот трон.
Каков ќе биде епилогот ќе дознаеме по финалниот мчо што ќе започне од 18 часот, додека претходно од 15:30 часот, во утешниот меч за бронзата ќе играат Олимпискиот протов Светскиот првак, Франција и Данска.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар